ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска во Македонија ќе биде повремено облачно, со појава на магла во котлините и слаб до умерен јужен ветер, најизразен долж Повардарието.

Се очекува температурите утрово да се движат од 4 до 9 степени, додека во текот на денот тие ќе се искачат од 12 до 18 степени.

Во Скопје, ќе биде слично. Утрово се очекува да има појава на магла, која што попладне ќе се расчисти и ќе има повеќе сончеви периоди.

Во главниот град утринската температура ќе се спушти до 7 степени, додека во текот на денот таа ќе се искачи до 15 степени.

Од утре не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Тие се очекува да бидат пообилни во среда и четврток, што ќе донесе и намалување на температурите, а на планините врнежите се очекува да преминат во снег.