ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во цела Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено на северот од земјата. Утрото ќе е студено, а преку денот ќе е релативно топло за овој дел од годината.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 13 Целзиусови степени, Крива Паланка 11, Маврово 8, Охрид 11, Битола 10, Кавадарци 14, Берово 7, Дојран 16.

И утре и задутре времето ќе биде сончево со мала облачност, по одделни котлини со појава на магла и дневни температури од 5 до 14 степени.

Во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и со засилен јужен ветер, на високите планини врнежите ќе се од снег и дневна температура од 5 до 13 степени. Во петок врнежите ќе бидат помали, но ќе биде постудено и се очекува слаб снег на одделни места и на повисоките места, особено на запад.