ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, рано изутрина и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а дневната температура од 4 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.  Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен.

Утринската температура ќе достигне до 1, а дневната до 10 степени.

Во четврток ќе има нов влажен и постуден бран со локални врнежи од дожд и снег и со опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните повторно ќе бидат во пораст.