ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната од 16 до 26 степени.

Во Скопје слично време, со темепратура до 24 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. До крајот на оваа недела не чека исклучително топло време и температури за 6 до 8 степени над просекот за овој период од годината.

Во среда температурите ќе се движат од 19 до 25 степени, во четврток од 20 до 27, а во петок од 21 до 28 степени.

За викендот температурите ќе бидат од 19 до 27 степени.