ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со слаб јужен ветер, додека по котлините ќе биде магливо. Минималните температури ќе се спуштат од минус 3 до 4 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат од 6 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност со слаб јужен ветер, како и појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, додека дневната ќе достигне 9 Целзиусови степени.

Стабилно и суво време се очекува до среда, со појава на умерена до значителна облачност и слаб јужен ветер. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и планините.

0По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска. Од среда попладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а од четврток на повисоките планини особено во северозападниот дел на земјава ќе има услови за врнежи од снег.