7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе се задржи стабилно и суво време со магла по котлините и со појава на умерена до значителна облачност. Ќе дува најчесто слаб јужен ветер.

Дневните температури, особено на повисоките места и  на планините ќе бидат над просекот за овој период од годината. По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска преку денот.

Од четврток попладне во југозападните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, но позначителна промена проследена со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе се преместат од југ кон север и ќе се проследен со умерен северен ветер се очекува од петок наутро.

За тогаш се најавува и продор на студена воздушна маса над Македонија која ќе донесе и значително намалување на температурите кое сепак нема да биде блиску ни до просекот. Наутро температурите до крајот на неделата ќе почнат да паѓаат под нулата.

Целата наредна недела се очекува да биде влажна, а кон средината можно е да се создадат услови и за позначителни снежни врнежи кои можеби и ќе формираат снежна покривка. Наутро температурите ќе бидат околу минус 3 степени а во текот на денот ќе достигнуваат и до 7 степени.

Сподели: