ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде студено и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од – 10 до четири, а дневната од -3 до осум степени.

Во Скопје слично време со умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до два, а дневната до осум степени.

Утре, времето ќе биде суво и потопло со умерен ветер од југозападен правец. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи, претежно од дожд.