ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините во поголем дел од денот магливо и постудено. Утринската температура ќе се движи од -1 до 5 степени, а дневната температура од 6 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде облачно. Утринската температура ќе се движи од 1 до 6 степени.

Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со умерен, а на места со обилен карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.