ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува претежно сончево и многу топло време со дополнителен пораст веќе надпросечните температури. Слаб северен и северозападен ветер. Минималните температури од 10 до 19 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 27 до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес ќе биде претежно сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, додека пак максималната дневна до 36 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне во северозападните и североисточните планински предели нестабилно со услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 13 до 22 степени, а максималните дневни од 26 до 37 степени. Во недела претпладне ќе биде претежно сончево и многу топло, попладне во западните предели со услови за локални врнежи од дожд кои во вечерните часови ќе се прошират и во централните и североисточните предели. Станува збор за услови за сосема слаби и локални врнежи и услови за појава на невреме. Температурите од 28 до 39 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и многу топло време со дневни температури од 27 до 38 степени. Во вторник сончево и топло време. Минималните температури од 12 до 21 степени, а максималните дневни од 28 до 38 степени.

Weather4all.com.mk