7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и поинтензивни ќе бидат во западните и крајните источни делови, локално над 15 л/м2.

Само на повисоките планини ќе има повремен снег. Во јужните делови ќе има услови за локална појава на грмежи. Ќе дува ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а дневната од 9 до 16 степени.

Во Скопје слично време, облачно, со повремени врнежи од дожд, а ќе дува засилен ветер претежно од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во среда ќе биде претежно суво, а во четврток повторно ќе има локални врнежи кои на планините ќе бидат од снег. Во четврток повремено ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Од петок ќе настапи стабилизација со значително повисоки дневни температури за време на викендот.

Сподели: