7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно време во Македонија со повремени локални врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а дневната температура од 3 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната температура до 12 степени.

Од четврток ќе има позначителен пораст на дневната температура, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

Сподели: