Временска прогноза – Утре заладување и дожд

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Претпладне сончево со мала до умерена облачност , од пладневните часови од запад ќе настапи значително зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

 

 

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Утре ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, кои кон крај на денот и во текот на ноќта на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец.

Во Скопје претежно облачно, од крајот на денот со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжи и во текот на ноќта кога ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.