ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер поизразен на северот. Температурата ќе достигне до 31 степен, а УВ-индексот ќе изнесува 6.

Според синоптичаритем и во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до краткотрајно засилен северен ветер, а температурата ќе биде од 13 до 29 степени.

Во следните неколку денови продолжува периодот на стабилно и суво време. Утре ќе дува повремено засилен северен ветер, најизразен по должина на Повардарието. Во следните денови температурите ќе бидат во благ пораст, а во петок и за време на викендот повремено облачноста ќе се зголемува.