ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде ладно и сончево со мала облачност. Минималните утрински температури ќе се спуштат до -10, а максималните ќе достигнат 9 степени

За викендот се очекува засилен северен ветер и повремени врнежи од снег. Земјава ќе биде зафатена од влажен бран ноќта во сабота поради што во недела, преку ден, ќе дојде до наоблачување. Долж Повардарието ќе врне и дожд и снег, а слаб снег ќе провејува и во понеделник претпладне.

Во петок и сабота ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.