ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 25 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со максимална дневна температура од 31 степени.

До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време за овој период од годината.

Од понеделник кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени.