ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде умерено облачно, а попладне во западните делови значително облачно со услови локален слаб дожд.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 13 степени, а дневните од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од североисточен правец.

Утринската темература ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне 26 степени.

Утре ќе преовладува стабилно и суво време. Утринските температури следните денови ќе имаат тенденција на опаѓање, а дневните на покачување.