ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 9, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината.

Врнежи од дожд се очекуваат во среда и петок, особено во јужните делови од земјава.