ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала облачност во јужните делови. Ќе дува слаб источен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10 степени, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од североисточен правец. Утринската темптература ќе се спушти до 7, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

И во следните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Од четврток се очекува повремено зголемување на облачноста.