ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија ќе биде сончево, со услови за слаба магла по одделни котлини. Температурата ќе се движи од 2 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево, утрото студено со услови за слаба магла. Температурата ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Најстудено ќе биде утре наутро. Од утре до сабота во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.