ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде  претежно сончево и уште потопло време со дополнителен пораст на дневните температури. Попладне во западните предели појава на локална облачност која што во планинските предели може да услови и сосема слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северен и североисточен ветер. Утринските температури од 10 до 19 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес ќе биде сончево и топло. Слаб северен ветер. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна до 35 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови се повеќе ќе ги чувствуваме последиците од антициклонската атмосферска циркулација која што ќе условува сончево и се потопло време со повисоки дневни температура и висока вредност на ув индексот. Во сабота сочево и топло време, утринската температура од 13 до 22 степени, додека пак дневната од 28 до 39 степени. Во недела и понеделник во Македонија тропски ден, ќе биде сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе достигнат до 29 односно до 40 степени. УВ индексот ќе има вредност 9, затоа бидете внимателни и следете ги препораките од лекарите и надлежните институции за справување со топлотни бранови. Во вторник претежно сончево време со појава на локална облачност, попладне зголемување на облачноста. Максималните дневни температури од 28 до 39 степени.

weather4all.com.mk

Сподели: