ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во сабота ќе биде умерено до значително облачно со појава на магла по котлините и по речните долини. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од -3 до 14 степени.

Во недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Температурата ќе се движи од 1 степен, па се до 14 степени.

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.