ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ=9.

Температурата ќе се движи од 13 до 42 степени.

 

 

Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури.

Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а од четврток опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени.