ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде студено и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Дневните температури ќе се движат од Скопје 8 степени, Крива Паланка 7, Маврово 4, Охрид 8, Битола 7, Кавадарци 8, Берово 6, Дојран 12.

Утре претпладне времето ќе биде умерено облачно со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта значително облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 4 во Маврово, 6 во Берово, Крива Паланка и Охрид, 7 во Битола до 9 во Скопје и Кавадарци и 13 во Гевгелија.

Прогнозата за недела е сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта кон понеделник со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.Минималните температури ќе се движат од -2 до 5, а максималните од 7 до 14 степени.

Од понеделник ќе имаме повремени врнежи од дожд, на повисоките места ина планините снег, а услови за снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени.