Хуманитарен фонд “Од срце за Цаци” – Кафе и книга За ЦАЦИ

Сподели

Во “Kафе и филм КОТУР ” сите љубители на книги и поддржувачи на животот и младоста можат да дојдат и да ја купат најновата книга на Иван Токин – “М2 Мултиверзум”.

Цената на книгата е 300 денари, средства кои ќе бидат наменети за хуманитарниот фонд “Од срце за Цаци”.

Со секоја купена книга добивате и едно кафе гратис. На секоја книга има автентична посвета за Цаци од авторот. Дојдете, збогатете се со уште една книга и бидете и вие на страната на Цаци во борбата со ракот.
*Количината е ограничена.
**Книгата е на српски јазик.

Од викендов може да се купи и “Позитивна комуникација во развојот” – прирачник за родители и воспитувачи, од Снежана Андреева – психолог, психотерапевт и магистер по клиничка психологија. Цената на книгата е 300 ден.