ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег со слаб, на места умерен интензитет. Попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од -9 до -2, а дневната од -3 до 6 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, со слаби врнежи од дожд и снег. Утринската температура ќе се спушти до -5, а дневната ќе достигне до максимум 2 степени.

Во петок облачно со врнежи од снег кои во западните и јужните делови ќе формираат снежна покривка. Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла.