ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Утринската температура ќе се движи од -3 степени до 6 степени, а дневната од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 10 степени.

Од утре во текот на денот ќе настапи стабилизација на временската состојба, а од задутре ќе има и значителен пораст на дневната температура.