ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска се очекуваат нови снежни врнежи насекаде, но најмногу снег се очекува да наврне на планините. На пониските места најмногу врнежи, се очекуваат во Пелагонија и тиквешкиот крај.

Наутро ќе биде студено, со температура помеѓу -6°С и -3°С на пониските места, и околу -8°С на повисоките места. Дневниот максимум на температурата ќе достигне околу -1°С во поголем дел од котлините, а на повисоките места во западниот крај околу -5°С.

Во Скопје се најавува претежно облачно време со повремени, слаби врнежи од снег. На Водно и повисоките делови на Скопска Црна Гора се очекува до 10 сантиметри снег.

Температурата ќе се движи од -2°С до 1°С. За време на викендот нѐ очекува постудено време. Снежни врнежи се очекуваат во петок, а веќе во сабота минималната температура ќе биде -14 степени, додека во недела -13 степени.