7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

Во Македонија во денес тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 10 до 20 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 30 односно до 40 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Поради високи температури за овој период од годината како и високата вредност на ув индексот се препорачува да се избегнува дирекна изложеност на сонце во периодот од 10 до 17 часот како превентива од сончаница и топлотен удар. Затоа следете ги препораките од лекарите и надлежните институции за справување со топлотни бранови.

На возачите им препорачуваме одморени и наспиени да тргнуваат на пат и да ги избегнуваат најтоплите часови од денот и голема внимателност бидејќи поради периодот на годишни одмори има зголемена фрекфенција на патните правци.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес тропски ден, сончево и многу топло. Слаб северен ветер. Утринската температура од 19 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 38 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Топлотниот бран и тропските температури во Македонија ќе продолжат и во наредните денови. Во петок и сабота сончево и многу топло време. Утринските температури од 12 до 22 односно од 13 до 23 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 31 до 41 односно од 32 до 42 степени. Тропските денови со високи температури и висока вредност на ув индексот ќе продолжат и во недела и понеделник кога се очекуваат многу високи дневни температури кои што ќе се движат во интервалот од 33 до 43 степени и ув индекс кој ќе има вредност 10.

Weather4all.com.mk

Сподели: