ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – По студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на максималните температури. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринската температура од -4 до 3 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 9 односно до 20 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе имаме претежно сончево и потопло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 18 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови стабилизација на времето и пораст на температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во среда по студеното утро со температури од -2 до 6 степени, во текот на денот сончево и топло со дневна температура о 11 до 22 степени. Сончево и надпросечно топло ќе биде и во четврток, петок и сабота, утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе го продолжат својот пораст, од 12 до 23 степени во четврток и петок, односно од 13 до 24 с>тепени во сабота.

Weather4all.com.mk