ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно, постудено и ветровито со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. На планините и на некои места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено претпладне и најизразен вдолж Повардарието. Дневната температура нема многу да се разликува од утринската.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје, Охрид и Битола 6 степени, Маврово 0, Кавадарци 7, Крива Паланка и Берово 5, Дојран 9 степени.

И утре времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 0 степени во Маврово, 4 во Берово, Охрид 6, Битола 7, до 8 степениво Скопје и 10 во Дојран.

За време на викендот ќе бидат повторно над просекот за овој дел од годината и ќе се искачат во интервалот од 8 до 15 степени. По одделни котлини повторно ќе растат условите за појава на магла и на ниска облачност.