ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи oд -12 до-3 степени, а дневната температура ќе се движи од 0 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до -4, а дневната температура до 7 степени.

Во петок ќе има локални врнежи од снег. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.