ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денешниот ден ќе дува повремено засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност. Претежно во северните делови ќе има појава на слаб локален дожд на пониските места, а на планините локално ќе провејува слаб снег.

Во четврток и петок ќе биде сончево со значителен пораст на дневната температура и во петок во поголемиот дел од земјава максималните вредности ќе бидат во интервал од 15 до 20 степени.

Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.