ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневните температури ќе бидатво Скопје 11, Охрид, Крива Паланка и Битола 8, Маврово 2, Берово 7, Кавадарци 12 и Дојран 15 степени.

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Дневните температури ќе бидат пониски – Скопје 7, Крива Паланка 4, Берово 2, Маврово 1, Охрид 5, Битола 6, Кавадарци 9, Дојран 10 степени.

Од петок се очекува сончево време со мала до умерена облачност и пораст на дневните температури, од 8 до 20 степени.