ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец.Утринската температура ќе се движи од 0 до 8, а дневната од 12 до 20 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на места со повремени врнежи од дожд. Од недела до крајот на денот ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.