7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде слично на вчерашниот ден, променливо и нестабилно. Во текот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно, а попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе биде од 6 до 14 степени, а максималната ќе се движи од 16 до 27 степени. .

Во петок и за време на викендот се очекува стабилно, суво и топло време со значителен пораст на температурата.

Сподели: