7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, слично време, сончево и топло. Температура ќе се движи од 17 до 36 степени.

Во сабота ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.

Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, а максималните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Сподели: