ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 22 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.