ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Од среда нашата територија и официјално ќе биде под влијание на најтоплиот бран ова лето, кога температурите на воздухот ќе бележат тенденција на константен и голем пораст и истите веќе за време од следниот викенд речиси насекаде ќе се искачуваат над 35 степени, додека пак во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат и над 40 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во најтоплите региони од државава за време на овој топол африкански бран се очекува температурите на воздухот да се искачат и над 42 степени. Исто така многу висок ќе биде и УВ индексот и истиот ќе изнесува 9, па така за време на овој бран големи жештини граѓаните се советуваат да внимаваат и да пијат што повеќе течности. Задолжително за време на најсилното сонце и во најтоплиот дел од денот  со себе да се носи заштитна опрема (капа и наочари за сонце).

Токму оваа ситуација односно силниот топлотен африкански бран е поради силниот циклон кој овие денови ќе се развие над северот од Европа, токму ова ќе услови слободно од јужните географски широчини кон нашите предели од Европа да пробива многувоздух. Поради зголемената влажност во воздухот особено навечер и наутро очекуваме и позначителна спарина и мачнина. Времето за време на овој бран ќе биде претежно стабилно, суво и сончево без врнежи, повремено со умерена локална облачност.