7 дена Вести Македонија

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Сончево и многу топло со температури до 41 степен и висок УВ индекс ќе биде во земјава и денеска и утре. Топлотниот бран од портокалова фаза што ја зафати целата држава ќе се задржи до четврток кога се очекува благо опаѓање на температурите.

Маскималната температура во Скопје, во деновите од викендот, ќе биде до 39 степени, со мала облачност и слаб до умерен североисточен ветер.

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури, а и индексот на УВ зрачење ќе биде особено висок. Во среда попладне и во четврток ќе има зголемена облачност и ќе има локален пороен дожд со грмежи и температурите од четврток малку ќе опаднат.

 

Сподели: