ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 17, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер, со минимална температура од 15 и максимална до 35 степени.

Од понеделник ќе преовладува сончево време со умерена облачност, и ќе има и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.