7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне од југоисточен правец.Ут ринската температура ќе се движи од 5 до 10, а дневната од 9 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно и постудено со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремен локален дожд.

Од недела ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура. Во понеделник под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи на повеќе места.

Сподели: