7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -2 до 6, а дневната од 1 до 9 степени.

Во Скопје умерено облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе се искачи до 6 степени.

Преодно стабилизирање ќе има во четврток, а во петок кон крајот на денот и во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Сподели: