ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во целата земја ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од северен правец.

Дневните температури ќе се движат од 22 до 30 степени. УВ индексот е седум.

Во Скопје исто така сончево и топло време со слаб северен ветер и дневна температура до 28 степени. До Дојран дневната температура денеска ќе достигне до 30 степени,

Наредните денови продолжува периодот на релативно топло време со пораст на утринските температури.

Утре ќе се задржи претежно сончево, а од среда во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд. И во четврток дневните температури ќе се движат од 24 до 31 степени.