ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето е биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северните, северозападните делови на земјава и во Пелагонија ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 25 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

 

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 33 степени.

Од утре до среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои ќе достигнат и до 39 степени.