ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, ќе провејува слаб снег на северот од земјава. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен северен ветер со брзина и над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Скопје претежно облачно со засилен северен ветер. И во делови од Скопската котлина повремено ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Во 7 часот утринските температури се движеа од -9 степени во Маврово, Крушево -8, Лазарополе -7, Крива Паланка и Берово -6, Охрид, Претор и Виница – 4 степени, -3 во Струмица, -2 во Штип, Прилеп, Демир Капија, -1 во Битола, Тетово и Куманово, Скопје и Дојран 0 степени, а во Гевгелија 2 степени над нулата.