ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во ноќните часови снежни врнежи ќе има и на повисоките места. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, а во западните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а дневната од 5 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе достигне до 3, а дневната до 10 степени.

Во четврток претпладне се уште  ќе има повремени врнежи кои на повисоки места ќе преминат во снег. Потоа следува период на потопло и стабилно време.