ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе се движи од -1 до -7 степени, а дневната температура ќе се движи од -1 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе достигне до -1, а дневната температура до 2 степени.

Во среда ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од снег. Најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Потоа до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи кои заради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд.