7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен и западен ветер. На повеќе места ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните и  североисточните делови од земјава. Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени, а дневната ќе се движи од 24 до 31 степени.  

Во Скопје слично време со услови за локален пороен дожд и ретки грмежи попладне. Температура ќесе движи од 14 до 30 степени.

 

 

 

За наредните денови синоптичарите најавуваат преодно стабилизирање во петок, а за време на викендот и на почетокот на следната недела повторно ќе има услови за попладневна локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен северозападен ветер.

Сподели: