ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 19 степени.

 

 

Во петок и сабота ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а дневните температури ќе опаднат.