ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 степени, а дневната од 3 до 15 степени.

 

 

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 5 до 10 степени.